fbpx

Кој е убиениот Панче? Неговата ќерка пред неколку дена даде потресна изјава

Исти лица стојат зад убиствата на исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски кој имаше 74 години, објави Обвинителството.

Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Според обвинителот, сите осомничени се Македонци. Вања беше исчезната од понеделникот (27 ноември), додека Панче од средата (22 ноември). Еден од осомничените е надвор од Македонија.

Ќерката на убиениот Панче, Македонка, за ,,Фокус” пред неколку дена сведочеше дека станува збор за човек кој никогаш во минатото не се случило да исчезне, бил витален и немал никакви здравствени проблеми. Во градот бил познат по својата професија, фризер.

-Татко ми живее сам, и од средата е недостапен. Случајот го пријавивме во полиција, вознемирени сме, насекаде го бараме, тој нема ниту деменција, ниту пак било каков проблем со здравјето. Го нема и неговиот автомобил, никаква трага досега..-изјави Македонка на 27 ноември за „Фокус“.

Следни Објави

Шпекулации и теории на заговор! Паника! Страв!

„МВР должи сериозна прес конференција веднаш зошто вечерва ниеден родител нема да спие мирно во Македонија. И тоа како фали објаснување што е тоа „користољубие“ и поврзаноста меѓу двата случаи“, напиша на својот фејсбук-профил д-р Ненад Лазаров. Неговиот статус за неполн час собра илјадници лајкови. Многумина се прашуваат колку родители […]