Нови моменти околу киднапирањето на свирепо убиената 14-годишна Вања покажала истрагата, дознава ТВ 24
Вања Ѓорчевска била врзана и ставена во вреќа за спиење во подрумот на нејзината зграда, па потоа била изнесена, потврдуваат за ТВ 24 извори од истрагата.
Првоосомничениот Љупчо Палевски, кој поседувал имот во истиот објект, имал клуч од подрумсиките простории како и од влезната врата.
Зградата е изградена од „Упа Ентерпрајз“, чиј сопственик бил Палевски, каде во минатото биле и канцелариите на самата компанија.
Овие информации го објаснуваат незабележаното грабнување на Вања кое се случи во непосредна близина на Градскиот парк, во чија околина има многу угостителски објекти и голема фрекфенција на луѓе.