Се’ уште не е позната причината за смртта на познатиот музичар кој се упокои пред два дена
На 62-годишна возраст почина познатиот тапанар Милан Бубало.
Бубало беше долгогодишен член на групата „Лаки пингвини“.
Блиските пријатели од естрадата се простуваат од него со трогателни пораки на социјалните мрежи.
„Лесна ти земја и широки небесни патишта, легендо“, напишаа неговите поранешни колеги.
„Драги пријатели, нашиот Миќа Милан Бубало не’ напушти. Нека почива во мир“, потврдија и членовите на семејството.