fbpx

Што се случува со истрагата за убиствата на Вања и Панче? Една работа ги збуни сите

Никакви нови детали не се споделуваат од Обвинителството околу истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

„Скопје1“ дознава дека истражната институција се уште го нема добиено ниту обдукциониот наод за убиената Вања, а оттаму ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат оваа информација.

За обдукцијата, досега кажаа само дека не станувало збор за обична обдукција, туку за специфична која треба да даде бројни одговори.

Во меѓувреме, осомничените пет лица се во притвор, а првоосомничениот Љупчо Палевски се чека да биде екстрадиран од Турција.

Адвокатот Јанаки Митровски, во телевизиско гостување рече дека изјавите на осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски треба да се земат со резерва.

„Се’ што се кажува од страна на осомничените треба да се зема со резерва. Во ОЈО Скопје не се наивни, ова го знаат и секако дека бараат материјални докази“, кажа тој.

Следни Објави

Прва снимка со синот: Марија Шерифовиќ ги растопи обожавателите

Пејачката Марија Шерифовиќ неодамна стана мајка, откако го доби синот Марио со помош на сурогат мајка. Сега таа за првпат се огласи преку социјалната мрежа „Инстаграм“. Откако јавно им се заблагодари на сите луѓе кои биле со неа од самиот почеток и кои продолжуваат да ѝ даваат голема поддршка, Шерифовиќ […]