fbpx

Прва снимка со синот: Марија Шерифовиќ ги растопи обожавателите

Пејачката Марија Шерифовиќ неодамна стана мајка, откако го доби синот Марио со помош на сурогат мајка.

Сега таа за првпат се огласи преку социјалната мрежа „Инстаграм“.

Откако јавно им се заблагодари на сите луѓе кои биле со неа од самиот почеток и кои продолжуваат да ѝ даваат голема поддршка, Шерифовиќ се осврна на нејзината концертна турнеја, која, како што вели, сакала да ја откаже по раѓањето на бебето.

Сепак, тоа нема да се случи, но по сите веќе закажани настапи во регионот, пејачката на одредено време дефинитивно ќе се повлече од јавноста.

„И сега, што треба ќе правам, да го изматам млекото… Е, а кога сето ова ќе заврши, јас одам на заслужена пауза од пеење, дали е во ред тоа, Верице? Ферски“, коментира Марија во нејзин препознатлив стил.

Пејачката објави и „стори“ со синот на кој за првпат покажа како го држи во раце и му пее „приспивна“ песна, темата од култниот филм „Валкан танц“.

Следни Објави

Пејачката почина од рак: Имаше сомнеж дека оваа намирница ја уништи

Кажа нешто шокантно, па тогаш никој не ја сфати сериозно.. Босанската пејачка Азра Колаковиќ која се прослави под уметничкото име Дона Арес почина пред шест години по долга и исцрпувачка битка против тешката болест. Додека се бореше со ракот кој дури неколкупати ѝ се враќаше, имаше поддршка од цел регион, […]