fbpx

Обвинителот откри нови детали за убиствата на Вања и Панче: Сега се на потег турските власти

Гаврил Бубевски, шефот на скопското Обвинителство, денеска изјави дека материјалните докази во истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски одат во насока на тоа што тројцата соизвршители го зборувале во исказите пред полицијата и Обвинителството.

Доказите со кои располага обвинителството го потврдувале она што го кажале осомничените.

„Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе се произнесеме со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое што ви кажав и минатиот пат. Се испитуваат материјалните докази и тие зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените“, вели Бубевски.

Во меѓувреме тече постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо, главниот осомничен за убиствата, по одлуката на турските власти да му определат 40 дневен екстрадициски притвор.

Според претседателот Стево Пендаровски не би требало да има одолговлекување од турска страна и најави дека ќе ургира кај неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган да се забрза екстрадицијата на Палевски.

За двојното убиство официјална истрага се води за шест лица. Петтемина кои се уапсени се сместени во изолирани ќелии во затворот во Шутка каде денеска ги посети тим од канцеларијата на Народниот правобранител.

Следни Објави

Андријана Јаневска со тажна објава: Секое изгрејсонце ликот твој го има

Популарната пејачка, авторка и професорка Андријана Јаневска сподели емотивна посвета за својата прерано почината мајка. Јаневска објави и колаж од неколку фотографии. Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост. Веќе петто лето, петта зима, Сонцето, мајко, изгрева и заоѓа, секое изгрејсонце ликот твој го има, во секоја сончевина, тебе те […]