fbpx

Кој е Стефан, возачот на Палчо? Еве што кажал во полиција

Пред полицијата раскажал сѐ, го опишал секој момент поминат со Палчо

С.Д., лицето од Струмица кој го возел Љупчо Палевски-Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција негирал дека во тие моменти знаел дека во неговиот автомобил има лице кое е осомничено за двојно убиство.

Тој пред полицијата тврдел дека за вмешаноста на Палчо во убиствата дознал на трети декември, датумот кога Обвинителството (вечерта) соопшти дека Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се убиени, а во јавноста експресно се рашири информацијата дека организатор и реализатор е Палчо, дознава „Скопје1“.

Возачот на Палчо на социјалните мрежи споделил и фотографија од Турција која е објавена на трети декември, но утрото. Ова укажува дека и Палчо бил во Турција кога јавноста и институциите почнаа да бараат одговорност. МВР за цело време го има неговиот траг. Транспортерот посочил дека бил искористен од Палчо.

Тој се противел да му се одреди мерка притвор. Реагирал кога бил запрен на граница, а возилото му било запечатено, додека тој со полициска придружба бил однесен во станица, па донесен во Скопје, дознава „Скопје1“.

Следни Објави

Поглед во возилата со кои е грабната Вања: Црни капи, а позади нешто морничаво

Македонскиот портал „Порталикс“ дојде до снимка од надзорните камери на која се гледаат возилата во кои најверојатно била превезена 14-годишната Вања Ѓорчевска по нејзиното киднапирање. Според новинарот Фуркан Салиу, видеата покажуваат кога и како девојката дошла во селото Бразда и точното време кога било запалено возилото. На објавената снимка се […]