fbpx

Убиство ги потресе скопјани: Еве што ѝ правел на жртвата пред да ја задуши

Семејна трагедија ги вознемири жителите на главниот град

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело-Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

На 18 јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба.

Според првичните сознанија, тој ја нападнал удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство.

Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Следни Објави

„Купивме креветче за Елена, мислевме дека ќе го дочекаме своето прво дете“: Болна исповед, еве што се случило

Смртта на едно новороденче предизвика огорченост и тага во целиот регион. Според изјавите на родителите Даниел Николов и Марица Михајловиќ, нивното девојче Елена починало по болното породување во Општата болница во Сремска Митровица. Тагата во медиумите ја изрази Даниел Николов, таткото на починатото девојче. „Мислев дека се’ ќе биде во […]