fbpx

Првата операција ја имала на 15 години: Која е најследената Македонка на „Инстаграм“?

Драгана Спасовска е дефинитивно една од најследените Македонки на „Инстаграм“. Таа речиси една деценија живее во Дубаи каде, како што вели, го живее својот сон.

Работи како модел и инфлуенсерка, неодамна се пофали дека подготвува и своја козметичка линија и не ги крие амбициите-да биде славна и богата како Ким Кардашијан.

За Драгана пред две години се крена вистинска прашина во регионот. Неочекувано стана главна тема на муабет кога објави фотка со Пике, а некои медиуми пишуваа дека токму таа е виновна за разводот на славниот фудбалер и колумбиската поп-ѕвезда Шакира.

„Нормално дека се познаваме со Пике, имаме и заеднички фотографии, тоа е нешто кое не можам да го демантирам. Во Бугарија веќе се објавија и фотографиите.. Но, за сите други детали, за сето она кое деновиве ја бранува јавноста, не смеам да зборувам сега. Апсолутно ништо во врска со него сега не смеам да изјавувам и да давам никаков коментар. Приказната за нас е доста актуелна во Бугарија, но јас ниту би потврдила, ниту би демантирала во овој период, се надевам дека ме разбирате“, раскажа Спасовска пред две години за „Фокус“.

За Пике не сака да коментира, но за нејзините животни избори секогаш зборува отворено.

Неодамна гостуваше во шоуто „Нешто конкретно“ на телевизија Телма каде главна тема беше естетската хирургија.

„Првата операција ми беше носот на 15 години. Мајка ми ме поддржа и сум многу благодарна што имам такви родители што ме поддржуваат во се’. Да, јас можеби сум имала комплекси, сум имала ред причини зошто тоа сум сакала да го направам.. Ете, ова за првпат ќе го кажам.. Сакав во новото училиште да имам поразличен нос. Кога си мал, децата знаат многупати да бидат груби“, изјави Драгана.

Веруваме дека многумина од вас, по оваа изјава се со прашалници. Дали за ваква работа навистина се легнува под нож!?

Следни Објави

Убава вест! Парите легнаа, овие граѓани да си ги проверат сметките

Согласно Законот за финансиска поддршка, Министерството за труд и социјална политика информира дека финансиската помош за месец февруари е исплатена. Проверете, парите треба да се легнати на вашата сметка доколку сте корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители или ако сте евидентирани корисници на […]