fbpx

Хорор! Правела селфи за „Инстаграм“, сликала трагедија што ќе ја памети цел живот

Една туристка уживала во капењето, а на само неколку метри од неа се одвивал вистински хорор.

На едно од најегзотичните одморалишта во светот, водопадите Макензи во Австралија, Русинката Анека Бадинг пред четири години сакала да направи селфи, не насетувајќи дека токму тој момент ќе ја прогонува цел живот.

Насмевката и уживањето брзо се претвориле во паника, откако Анека во позадина забележала општ метеж.

„Слушнав вресок. Кога се свртев, по движењето на момчињата од карпата, помислив дека има некое опасно животно во водата. Тогаш некоја девојка ми го зеде селфи-стапот од рака за да му помогне на несреќното момче што се давеше“, раскажа таа.

Се утврди дека 28-годишен Тајванец се лизнал од карпата и паднал во вода. Притисокот бил премногу силен за да излезе на површината.

„Се обидовме да повикаме полиција, спасувачки служби, но немаше мрежа“, изјави Анека.

На момчето му немало спас, а младата туристка се согласила својата слика да ја даде во локалната полиција како доказ во истрагата за инцидентот.

„Рековме во полиција дека мора задолжително да се воведе сателитски сигнал и во овие делови од водопадот за да не се повторат слични сцени“, огорчено констатира Анека.

Следни Објави

Ја грабнаа и со денови ја дрогираа и силуваа: Славната пејачка раскажа сè за траумата

Ејми Дафи се повлече од јавноста во 2011 година, а неодамна откри дека со денови била дрогирана и силувана од непозната личност Токму кога ја објави песната „Mercy“ која стана нејзин најголем хит, познатата пејачка и добитничка на „Греми“, Ејми Дафи, реши да се повлече од јавноста. Нејзиното исчезнување со […]