fbpx

Дури две жени го завеле на нудистичка плажа: Овој ден ќе го памети дур е жив

Настанот што го доживеал еден 34-годишен маж почнал како сон на секој маж, а можел да заврши фатално. Родриго Калабрио (34) од Бразил бил ограбен, а малку фалело да биде и убиен кога на една нудистичка плажа наседнал на провокација од страна на две атрактивни девојки.

Шетајќи се по крајбрежјето, стигнал нешто подалеку до нудуистичката плажа, не очекувајќи дека таму ќе му се сличи нешто што ќе го памети дур е жив.

„Патот до местото каде ме чекаше пријателот водеше преку оваа плажа за возрасни. Посакав и јас еднаш да поминам оттука, да видам дали има пливачи, дали воопшто некој ја користи. Од левата страна забележав на една клупа две момчиња на околу 25-годишна возраст кои беа загледани во мобилните. По неколку метри, здогледав две згодни девојки кои голи се сончаа и разговараа. Едната се сврте, ме измерка и ме праша колку е часот“, напиша Родриго на неговиот профил.

Откако ѝ одговорил, другата му дофрлила дека е сладок и дека би сакала да им се придружи.

„Не познавам маж што ова би го одбил. Ми беше малку чудно колку се отворени и конкретни, но тоа и ми се допадна. Се соблеков и легнав до нив. Додека едната нешто ми покажуваше во морето, не ни забележав кога другата ги викна момчињата од клупата. Ми ги зедоа работите и ме прашаа дали живеам во близина. Кога сфатив дека работата не е на арно, им кажав дека не сум од градот и ги замолив барем бермудите да ми ги остават, да не шетам гол. Тогаш едно од момчињата извади пиштол и ми се закани дека ќе ме убие ако воопшто нешто ги прашам“, раскажа Родриго.

Ограбувачите му ги одзеле телефонот и паричникот. Сепак се смилувале, па облеката му ја оставиле.

„Случајот го пријавив во полиција од каде ми нагласија повеќе да не се движам во таа зона и дека не сум единствениот кој бил ограбен ова лето“, заврши тој.

Фото: Фејсбук

Следни Објави

Четириесет дена од масовното убиство во „Рибникар“: Коста е опседнат само со една работа

Поминаа 40 дена од невиденото злосторство кое ја зави во црно цела Србија, а семејствата на жртвите и понатаму бараат одговори. Според последните информации на српски „Курир“, родителите на убиените и повредени ученици од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар подготвуваат тужби против таткото и мајката на осомниченото момче (13) […]