fbpx

Мајсторе! Овој момент долго ќе се раскажува за нашиот Мики во „Ѕвездите на Гранд“

Вики Миљковиќ сношти не можеше да му најде ниту една мана на Мики Секуловски, македонскиот натпреварувач кој атакува на победа оваа сезона во „Ѕвездите на Гранд“.

„Немам ниедна забелешка за Мики. Едвај чекам да те видам кога настапуваш, да видам какви нови работи ќе отпееш и ќе ни покажеш. Ти си еден од ретките кои успеваат да ни подарат нешто ново, различно и убаво, во секој нареден круг. Особено кога станува збор за музиката која ти ја интерпретираш“, му порача Виолета на талентираниот велешанец.

Ниту Ѓорѓе Давид не остана имун на вокалот Мики Секуловски, за кого тврдеше дека е ѕвезда, но и дека е подготвен за финалето на најпопуларното натпреварување во регионот.

„Мајсторе, не би било лоша идеја да се обидеш на некој европски или светски натпревар. Јас сум некој што претставува рокенрол. Начинот на кој ти изведуваш нешто што никој друг не знае, зборува многу. Задоволство е да те слушам“, му порача рокерот.

Заминав за Белгија, му требав на семејството: Мики не се срами од минатото

Светлана Цеца Ражнатовиќ, гордата менторка на нашиот Мики, истакна дека големината на еден изведувач е токму кога успева да ја заинтригира публиката.

Следни Објави

Ден пред Свети Трифун овој хороскопски знак да ја купи оваа грепка

Неколку дена не’ делат од Свети Трифун и Свети Валентин. Некои ќе слават со вино и песна, некои ќе си подарат чоколада и мечиња, но за претставниците на еден хороскопски знак 14-ти февруари може да им донесе животен пресврт. Астрологот Павел Глоба посочува дека ѕвездите ќе им бидат особено наклонети […]