fbpx

Андријана Јаневска одбила понуда што сите пејачи ја посакуваат: Еве зошто!

Минатата година, тимот на МТВ ја поканил Андријана Јаневска да ја претставува Македонија на Евровизија 2024 во Малме.

Популарната пејачка, авторка и професорка денеска на социјалните мрежи се пофали дека националниот сервис ѝ понудил директен пласман на „Евросонг“, а во подолг статус и објасни зошто не ја прифатила понудата.

„Им одговорив дека со задоволство ќе прифатев да беше 2000 година, кога се натпреварував со „Твоето писмо моја библија” или 2001 година кога на Скопскиот фестивал победив со „Носталгија”. Тогаш имав 20 години, кариерата ми беше во подем и имав желба да направам нешто за Македонија. Исто така, тоа беа времиња кога Евровизија сè уште важеше за некаков културно-уметнички натпревар помеѓу народите и кога секоја земја се натпреваруваше со песна на својот јазик“, ја почнува таа својата исповед.

Понатаму вели дека денес има 42 години и дека се чувствува исполнето, среќно и остварено на приватен и професионален план.

„Што се однесува до мојата желба да направам нешто за Македонија, тоа го направив преку докторскиот труд на кој работев девет години, со кој успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои. Благодарност до МТВ за укажаната можност, но, после ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука“, вели таа.

Следни Објави

На која рака да се носи бројаница? Отец Владимир детално објасни што е правилно

Многу суеверија се поврзуваат со бројаниците, но црквата нагласува дека тие се користат исклучиво за молитва, а не за играње, како украс, „за среќа“ или како „нараквица за децата добро да спијат и ништо да не сонуваат“. Отец Владимир нагласува дека бројаниците треба да се третираат со почит. „Се препорачува […]