Според неофицијални информации на телевизија „Алфа“ непристоен допир е причината за тепачката која резултираше со убиство на 28-годишниот ракометар Денис Тот.
Ова во Обвинителството наводно го кажала 19-годишната Клементина Летковска, една од осомничените за убиството на хрватскиот интернационалец.
По шест дена бегство, дури вчера во притвор заврши и првоосомничениот Анџело Ѓоргиевски, откако по него беше распишана и меѓународна потерница.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва за ТВ 24 откри дека Ѓоргиевски не бил избеган надвор од земјава и дека се криел во објект во Скопје.
ОСТАНАТИТЕ ВЕСТИ ЗА ДЕНИС ТОТ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ!
„Сите оперативни информации, стеснет простор и тоа допринеле после повеќе часовни активности, лицето да биде најдено и приведено во станицата во Аеродром. Лицето се криело во Скопје, во еден објект, а истрагата мора да се води низ институциите, но сето она што може да соопштиме ќе го кажеме. Многу информации имаше за овие два дена и на крајот излезе дека е тука и дека е изведен пред лицето на правдата. Знаевме дека не ја напуштил Македонија и се работеше интензивно на тоа“, вели Спасовски.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО