Сите мислат дека ова го направила за да ја изнервира свекрвата, а принцезата Дајана се наоѓа во центарот на драмата
Кејт Мидлтон ѝ оддаде почит на Елизабета Втора заедно со останатите членови на кралското семејство, а на самиот настан големо внимание привлекоа обетките кои ги носеше.
Принцезата од Велс очигледно сакала истовремено да ѝ оддаде почит и на нејзината претходничка, мајката на нејзиниот сопруг Вилијам, непрежалената и трагично починатата принцеза Дајана.
Кејт ова парче накит го наследила токму од неа. Иако никогаш не стигна да ја запознае својата свекрва, принцезата неретко на свој начин покажува почит кон мајката на својот сопруг.
Дијана овие бисерни обетки ги доби на подарок непосредно пред венчавката со сегашниот крал Чарлс Трети и тоа од златарската фирма која беше омилена во нејзиното семејство.
Ги носеше неколкупати за време на својот контроверзен и несреќен брак и исклучиво на важни случувања.
Иако Кејт собра многу симпатии поради обетките, некои овде видоа провокација кон кралицата Камила која му беше љубовница на Чарлс додека тој се’ уште беше во брак со Дајана.
Фото: Принтскрин Јутјуб
Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.