fbpx

Новороденче прогласено за мртво со часови лежело во мртовечница: Погребникот потоа воочил нешто од што занемел

Тинејџерка не ја примиле во амбуланта, бидејќи не забележале дека е бремена

Случајот со предвреме роденото бебе во Бразил кое е прогласено за мртво го шокираше светот. Тамошните лекари новороденчето го прогласиле за починато и го повикале погребникот додека тоа со часови лежело во мртовечницата, но тој воочил дека бебето диши и се покажало дека се’ уште е живо, пишуваат локалните медиуми.

Бебето, кое го добило името Аугустус, го родила 18-годишна девојка во местото Арикуемес откако побарала медицинска помош поради силни болки и крварење.

Тинејџерката не ја примиле во амбуланта, бидејќи не забележале дека е бремена, а подоцна, без ничија помош, родила бебе тешко само 900 грама.

Детето родено во седмиот месец од бременоста лекарите го прогласиле за мртво и го повикале погребникот да го однесе телото.

Сепак, патологот во текот на процедурата забележал дека срцето на бебето чука и веднаш го вратило во болницата каде било сместено. По овој бизарен настан, бебето било во стабилна состојба и добро реагирало на терапијата.

Бабата на новороденчето на медиумите им изјавила дека е огорчена оти лекарите не се потрудиле на детето да му го спасат животот. Полицијата и другите надлежни органи отвориле истрага за инцидентот, а од болницата и понатаму тврдат дека бебето било мртво кога стигнало кај нив.

„За мене ова е чудо. Ја слушнав докторката како зборува и таа многу јасно рече дека ова бебе е мртво. Од погребалното претпријатие дојдоа по него и беше мртво. Некако, тоа отчукување на срцето се вратило“, изјавил портпаролот на болницата.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Зарем вака се облекува жена која има внуци: Вдовицата на Балашевиќ во недолично издание (ФОТО)

Фановите на покојниот Ѓорѓе Балашевиќ неретко го коментираат стилот на неговата сопруга Оливера. Некои коментари се до толку дрски и директни, па одредени обожаватели велат дека таа како едвај да чекала да стане вдовица, па да може „нејзината раскошна убавина да ја покаже во полн сјај“. Вдовицата на легендарниот музичар […]