Друга жена
Светлана Ражњатовиќ неодамна отпатува во Истанбул поради оперативен зафат, а српски „Блиц“ сега објави и снимки од фолк-ѕвездата во болница.
Славната Цеца им откри на медиумите дека морала да замине под нож поради здравствени проблеми.
„Докторот ми рече дека операцијата ќе трае шест часа, дека тоа е стандард за ваков тип интервенции. Јас морав да го направам овој зафат, дали сега или за два месеца, едноставно морав. Сакав повторно да се чувствувам добро во сопствената кожа“, раскажа таа.
Со Цеца во Истанбул отпатуваа сестра ѝ Лидија и нејзината ќерка Анастасија. На пејачката ѝ било најважно да ја оперира врвен хирург за да нема видливи последици на кожата, коментираат од нејзината придружба.
Иако опоравувањето трае долго, Цеца за две недели им се вратила на работните обврски.
„По 14 дена од операцијата јас бев качена на бина, иако тоа не ми го препорачаа“, се пофали таа.
Фото: Принтскрин Блиц ТВ
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО