fbpx

Даниел е пронајден мртов: Пред да почине се пофалил дека му се посреќило со три жени (ФОТО)

Се верува дека овој воен ветеран починал за време на грабеж, а властите се обидуваат да ги лоцираат жените кои последен пат ги контактирал во апликацијата за состаноци

Аргентинската полиција распиша потерница за три непознати жени откако тело на маж кој починал од срцев удар е пронајдено врзано за кревет.

Даниел Алфредо Рустикане (60) им се пофалил на пријателите дека ноќта на 10-ти декември запознал неколку убавици на „Тиндер“.

Членовите на семејството побарале од соседите да ги опишат трите жени кои побегнале. Се верува дека овој воен ветеран починал за време на грабеж, а властите се обидуваат да ги лоцираат личностите кои последен пат ги контактирал во апликацијата за состаноци. Бидејќи автомобилот и мобилниот на жртвата биле украдени, полицијата оваа смрт ја третира како сомнителна.

Неговиот „Форд Ренџер“ бил пронајден на пет блока од неговата куќа во Буенос Аирес. Земени се отпечатоци од воланот, а наводно е пронајден нож на задното седиште, пишуваат локалните медиуми.

Обвинителката Карина Ликалзи не ја исклучува можноста од се*суален однос пред жртвата да биде ограбена. Надлежните, сепак, ги чекаат резултатите од токсиколошките наоди за да утврдат дали Даниел конзумирал нешто што можело да предизвика инфаркт.

„Постои можност жените да го врзале и да починал од шок или од анксиозност. Не ја исклучуваме оваа теорија, иако ги чекаме комплементарните лабораториски резултати за да бидеме сигурни“, соопшти портпаролот на полицијата.

Фото: Твитер

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ова е божиќно чудо! Тинејџери се изгубија на остров, полицијата не може да поверува како преживеале

Драма со среќен крај Група тинејџери, две момчиња и две девојки на возраст од 18 и 19 години, се пронајдени на остров во југозападна Австралија. Ноќта ја поминале на даски за сурфање на 40 километри од брегот и успеале да преживеат во „невозможни услови“, пишува британски „Гардијан“. Полицијата овој случај […]