fbpx

Го исекол на парчиња, па го фрлил во веце шолја: Шок сознанија за убиството на Кристијан Пеев

Грозоморно убиство го потресе регионот. Во Софија е пронајдено распарченото тело на 41-годишниот бизнисмен со криптовалути Кристијан Пеев.

Остатоците на милионерот кој имал и американско државјанство биле пронајдени од водоводџии кои биле повикани да расчистат блокиран одвод, јави „Мирор“.

Инспекторите веруваат дека Пеев бил убиен во периодот од 8 до 9 август, а дека убиецот е Веско Валчинов, со кого се запознал пред шест години. Локалните медиуми објавија дека монструмот ја убил својата жртва и го исекол телото во бањата пред да фрли некои делови во тоалетот.

Истражителите го пронашле местото на убиството по проверката на двата телефона на Пеев, чиј брат го пријавил за исчезнат на 10 август. На денот кога исчезнал, Пеев го контактирал Валчинов. Безбедносните камери ги снимиле двајцата како влегуваат во зградата на 8 август, а следниот ден Валчинов излегол сам.

Пеев дипломирал на универзитет во САД и го создал своето богатство преку инвестиции во криптовалути. Се верува дека мотивот за убиство се пари. Тој е вториот крипто-милионер што е пронајден мртов во рок од еден месец. Деловите од телото на Фернандо Перез Алгаба беа пронајдени во црвен ковчег фрлен во Буенос Аирес на 23 јули откога тој исчезна пет дена претходно.

Следни Објави

Среќата ги одминува: Овие три хороскопски знаци се осудени на пропаст

Нивната вечна борба на сите животни полиња не им дава шанса речиси никогаш да земаат здив. Според астрологијата, среќата ретко е на нивна страна. Стрелец Најчесто немаат капацитет да ги проценат вистинските добри прилики во животот. Во добар дел, за ова е заслужна нивната флегматичност. Оние припадници на овој хороскопски […]