fbpx

Што ни носи младата Месечина во Близнаци?

Само еднаш во 365 дена, Близнаците имаат млада Месечина во својот знак, а оваа година се активира утре на 22 мај

Со младата Месечина во Близнаци се буди желбата кај многу личности за некои новитети, осебно на емотивно поле. Овој период е многу важен за зацртаните цели на кои треба да им се посветите баш периодов.

Многу комуникации, знаења и сознавања сега ќе почнат да испливуваат на површина. Сѐ што е важно за комуникацијата и за другата симболика на близнаците ќе биде нагласена.

Младата Месечина е во аспект со Сатурн од Водолија што кај одредени личности ќе укаже дека се промислени, конзервативни, сериозни и внимателни. Исто така, ќе биде во аспект со Марс од Риби, што може да предизвика емотивна криза, а не е добар ниту за здравјето ако не бидеме подготвени.  Меркур и Венера од Близнаци ќе бидат во квадрат со Нептун, па многу личности може да очекуваат борба помеѓу интуицијата и чувствата додека со Меркур нѐ очекуваат нереални комуникации и лаги, а можно е и заплашување со некои непријатни вести.

Што може да очекуваат некои од знаците?

БЛИЗНАЦИ

Може да доживеете многу среќни моменти. Овој период ќе оставите особен впечаток кај другите, затоа ослободете се и не се двоумете да се покажете во едно сосема ново светло. На тој начин ќе плените со вашите харизма и енергија.

ЛАВ

Слободно побарајте помош од другите. Можни се непланирани трошоци и тоа не можете да го промените. Советот до вас е за сѐ да делувате со трпение и со тактика. Не брзајте никаде, затоа што подоцна сѐ си доаѓа на свое место. Само треба да направите план по мерка.

ШКОРПИЈА

Многу Шкорпии имаат засилена интимност со своите партнери. Некои од нив е можно да имаат проблем со пари кои не се нивни. Секако, сега не се препорачува задолжување или кредити, бидејќи Јупитер е ретрограден и може да ви донесе уште поголема неволја.

Следни Објави

Ви стигна нереална сметка за струја? Еве што треба да направите!

Граѓаните чии сметки за електрична енергија не соодветствуваат со реалната потрошувачка, и истите не се корегирани од ЕВН, можат да поднесат претставка до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги која има надлежност да постапува во овие случаи, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна […]