Тешка несреќа се случи, Македонија тагува
Во сообраќајна несреќа која вчера се случила во близина на Врање, животот го загубил македонски државјанин роден 1998 година, информираат српските медиуми.
Според првичните сознанија, момчето и неговите пријатели биле на ручек во кафеана во Врање пред да си тргнат кон Македонија. Но, набргу им текнало дека заборавиле мобилен телефон во кафеаната, по што решиле да се вратат назад кон Врање. Попатно се превртиле, а момчето починало на лице место.
„Нашите сознанија говорат дека во автомобилот имало неколку лица. Неофицијално, тие го пропуштиле патот за Македонија и се упатиле кон Златокоп, но потоа се сетиле дека биле во ресторанот во центарот на градот, каде што претходно престојувале, го заборавиле мобилниот телефон и се упатиле назад по што дошло до несреќата“, пишува „ОК радио“.
Истрагата е во тек.