Семејна прослава
Актерката Тања Кочовска прослави 28 години брак со колегата Предраг Павловски. Таа објави семејна фотографија од една позната скопска кафеана, па на шега напиша дека ја преспале годишнината.
Најмногу симпатии, очекувано, собра нејзиниот внук од синот Александар кој го доби од првиот брак со неодамна починатиот актер Владимир Ендровски-Љац.
Кочовска од вториот брак со Павловски ја има ќерката Нела. Во едно интервју од пред неколку години таа откри дека синот завршил факултет за туризам, а дека ќерката тргнала по нејзините стапки.
„Тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен. Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на се’ што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат, хаха. Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца“, раскажа Кочовска.