fbpx

На 60 години почина Љац, тажната вест ја сподели и неговата поранешна сопруга

На 60-годишна возраст почина познатиот македонски актер Владимир Ендровски-Љац.

Тажната вест ја објавија од Македонскиот народен театар.

„Замина нашиот колега Владимир, нашиот пријател Љац, ненадминливиот актер и препознатлив лик на театарската сцена и телевизискиот/филмски екран – единствениот Владимир Ендровски. На сцената на НУ РСМ МНТ и воопшто во театарот, телевизијата и филмот кај нас остана огромна празнина која Ендровски ја исполнуваше со својот лошкарактеристичен излив на емоции, маестрално подготвени улоги, и умешноста и огромна експлозија на енергија која ја пренесуваше од сцената кон публиката. Остана да сведочат филмовите и сериите за неговиот талент, ѕвездата која ја носеше и разбирливоста и лесното пренесување на ликовите кои ги имаше во себе“, напишаа од МНТ.

Оваа објава ја сподели и неговата поранешна сопруга Тања Кочовска со која го има синот Александар.

Колегите со емотивни посвети се простуваат.

„Почивај во мир Љац. Со годините се изгубивме едни со други, но ќе останат спомените и незаборавните приказни. Вечна слава”, напиша Тони Михајловски.

Следни Објави

Остро обраќање на Спасен Сиљаноски: Се правите слепи, историјата ќе ве казни

Соживот??? Едно општество за сите??? Ако се лажеме. Па ова е геноцид и етноцид врз Македонскиот народ. Нашите „сограѓани“ имаат друга цел и упорно работат на неа, а вие иако ја знаете нивната цел се правите слепи и не сакате гласно да го изговорите тоа. Системско уништивање на секоја институција […]