fbpx

Почина Зорица Георгиевска

По кратко боледување почина Зорица Георгиевска, долгогодишна актерка и радио режисерка во Македонското Радио.

Авторка е на повеќе радиодрами, една книга прозни записи „Од другата страна“, една книга сценарија објавени под наслов „Две сценарија за филм“, како и на сликовницата „Прашалниците на Мирко“ (2023).

За Македонското радио има режирано повеќе од 200 радио драми. Авторка е и режисерка на популарноста радиодрама за деца „Телефонско јавување“ за која ја добива специјалната награда за радиодрама на Македонското радио.

Режирала и за повеќе радио центри во бившите југословенски простори и во Словачка. Остварила значаен број актерски улоги во македонската радио драмска продукција и во значајни играни програми во МРТВ. Како статистка се појавува и во првиот македонски филм „Фросина“.

Добитничка е на повеќе награди за радио режија на фестивалот „Недела на Радиото“ во Охрид и на различни конкурси за радиодрамски дела во Македонското радио.

Како искусна режисерка, во последните десетина години од својот работен век експериментира во областа на радиофонијата и со посебен успех го промовира циклусот „Ехото на поетот“, јавувајќи се како интерпретатор, сценарист и режисер на издадени поетскомузички дела работени врз стиховите на познати македонски поети како Коста Рацин и Ацо Шопов.

По пензионирањето продолжува со пишување и ја издава книгата сценарија за филм. По повеќегодишен прекин, повторно се враќа на книжевноста.

Она што е изненадувачки е дека во својата 80 година ги прави своите први цртежи, со нив предизвикува внимание во околината, а пошироката јавност имаше можност да ги види нејзините цртежи преку реализација на изложбата „Небото над Идила“.

Следни Објави

Само три хороскопи се! Оваа пролет ги очекува голема финансиска добивка

Астролозите откриваат кои хороскопски знаци значително ќе си ја подобрат финансиската состојба оваа пролет. Вистински финансиски бенефит ќе почувствуваат овие луѓе! БИК Без разлика дали се работи за инвестирање во приватен бизнис или лично унапредување на работа, биковите оваа пролет можат да доживеат значителен финансиски напредок. Астролозите истото го предвидуваат […]