fbpx

(ФОТО) Во форма на крст со зелени ѕидови: Гробот на Тоше конечно завршен

По дури 13 години од смртта на Тоше Проески, легендарниот македонски пејач конечно доби достојно вечно почивалиште.

Самата основа на објектот е крст кој ја симболизира големата религиозност на Тоше и сите добри дела кои ги правеше во име на вербата во Господ, информираат од општина Крушево за „Женски магазин“.

Авторите на идејното решение, „Архитектоника“, појаснуваат дека фасадата, исто како и почивалиштето и ентериерот се со бел гранит кој ја отсликува чистотата на неговата душа. 

– Внатрешноста на објектот изобилува со зелени ѕидови. Отсликување на рајската градина – појаснуваат од „Архитектоника“.

За овој проект Владата одвои 10 милиони денари.

Следни Објави

Ни беше омилена сестра: Дијана почина од корона, Охрид тагува

Дијана Димоска, медицинска сестра вработена во ЈЗУ Општа болница Охрид, ја изгуби битката со Ковид-19. Колегите се шокирани по смртта на 48-годишната здравствена работничка. Преку емотивна објава на официјалната страница на болницата, порачаа дека никогаш нема да ја заборават сестрата која им била омилена и на вработените и на пациентите. […]