Дијана Димоска, медицинска сестра вработена во ЈЗУ Општа болница Охрид, ја изгуби битката со Ковид-19. Колегите се шокирани по смртта на 48-годишната здравствена работничка. Преку емотивна објава на официјалната страница на болницата, порачаа дека никогаш нема да ја заборават сестрата која им била омилена и на вработените и на пациентите.
– Денес Општа Болница Охрид тагува. Нашата медицинска сестра Дијана Димоска родена на 29.9.1971 година во Загреб, ја загуби битката со подмолниот вирус Ковид- 19. Својот професионален ангажман го започна во 1993 година на одделот ОРЛ, потоа во невропсхијатриски оддел, а последните години беше дел од тимот во одделението за интерни болести. Нејзината прерана смрт е голема загуба за нејзиното семејство и за сите нас. Загубивме професионалец, медицинска сестра со ведар дух и топлина. Омилена кај пациентите и кај вработените. Почивај во мир драга сестра Дијана. Твојот ведар лик вечно ќе остане во нашите сеќавања. Со длабока почит Вработените од ЈЗУ Општа Болница Охрид – напишаа тие.