fbpx

Почна најдолгиот полициски час, Кичеец пуштен на слобода

Почна маратонскиот 85-часовен полициски час за сите граѓани на територија на целата земја. Забраната и посебниот режим на движење за време на најголемиот христијански празник Велигден ќе трае до 21 април (вторник) до 05:00 часот. Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови. Од вчера е забрането и движење и групирање во сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и викенд населбите.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби. Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство изработи план за непречена работа и на здравствените установи. Забраната за движење не важи за полицијата, армијата, здравствените работници и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи. Изземени од забраната се и сите лица со попреченост со придружници. За да го остварат ова право, за овие лица нема да се издаваат посебни дозволи и доволно ќе биде со себе да имаат медицинска белешка која ќе треба да им се презентира на полициските службеници доколку за тоа се укаже потреба.

И додека Македонија се соочува со досега најдолгиот полициски час, денеска Кривичниот совет го прифати барањето и поднесената гаранција од Зоран Милески-Кичеец за да му се укине домашниот притвор до правосилноста на тригодишната затворска казна во случајот „Рекет“. Кичеец дал гаранција од недвижности, проценети над 13 милиони денари. Случајот „Рекет“ против Бојан Јовановски и Катица Јанева се уште трае и се наоѓа во доказна постапка.

Фото: Охрид њуз

Следни Објави

Ѓоре од Велес го победи коронавирусот и очекува принова

Чувствата ми се измешани. Се радувам што успеав да победам во најтешката и најважната битка во мојот живот. Се радувам што моето дете ќе живее со двајца родители. Но, жал ми што татко ми не го дочека внукот, раскажува велешанецот Ѓоре Давчевски на кого пред три недели му беше дијагностициран […]