Македонскиот натпреварувач Александар Темелков демонстративно го напушти подиумот во „Ѕвездите на Гранд“ откако не доби ниту еден глас од жирито.
Младиот велешанец кој одби да ги сослуша сите членови на жирито, подоцна се огласи на својот профил на „Инстаграм“ и порача дека во популарното регионално шоу сè е наместено.
„Знаев дека ќе испаднам затоа што сè пред време се договара, кој ќе продолжи, а кој ќе замине, но сепак сакав да останам достоен до крај и да се појавам. За жал, вие гледачите не можете да видите што се случува зад сцената, па на сите ви е малку чудно. Што се однесува до гласањето на жири комисијата, сè беше договорено пред моите очи и после сето ова мислам дека шоу како „Ѕвезде Гранда“ не е за мене или едноставно да кажам не ме заслужува. Се стремам кон поголемо нешто од ова шоу, но секако ми беше една добра промоција, искуство и реклама, но ништо повеќе од тоа, затоа што овде не спаѓа само пеењето, туку и нешто друго. Уште еднаш ви се заблагодарувам на сите, останете со мене и очекувајте наскоро мои песни и музички проекти“, напиша Темелков.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.