fbpx

Прва слика со принцот: Александар од „Ѕвездите на Гранд“ го покажа синот

Александар Темелков, 23-годишниот пејач од Велес кој се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, објави фотографија со синот.

Младиот музичар со колаж фотографии ѝ го честита 13-от роденден на својата сестра, а на неколку од нив е во друштво на својот наследник.

„Јас и мојата сопруга Сара станавме родители, ни се роди нашиот принц. Ти благодарам Господе за овој дар“, напиша Темелков пред неколку дена.

Александар пред три години демонстративно го напушти подиумот во „Ѕвездите на Гранд“ откако не доби ниту еден глас од жирито.

Тогаш тој одби да ги сослуша сите членови на жирито, а подоцна се огласи на својот профил на „Инстаграм“ и порача дека во популарното регионално шоу сè е наместено.

Темелков има снимено неколку авторски песни и редовно настапува.

Следни Објави

Ова е загинатиот Никола: Допрва требаше да живее, мајка му Весна неутешна

Младо момче загина, а четири лица се повредени во експлозија што се случи утринава околу девет часот во фабриката „Трајал“ во Крушевац. Братот на тешко повредената дваесетгодишна Сара Ц. за српските медиуми открива дека ѝ била укажана итна медицинска помош, но бидејќи е во критична состојба е пренесена на ВМА […]