Три момчиња загинаа во сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 22 часот на магистралниот пат М-17, во близина на Зеница.
Единствен преживеан е 17-годишниот Н.М. кој е тешко повреден и лекарите се борат за неговиот живот, јавуваат босанските медиуми.
На лице место починале Нермин Камериќ (22), Ајдин Тахиќ (19) и Ајдин Грахиќ (19).
Како што дознава порталот „Аваз“, другарите наводно се враќале од летување.
До несреќата дошло во моментот кога возачот на автомобилот тргнал да престигнува, па се префрлил на другата лента кога од спротивниот правец наишло товарно возило и дошло до директен судар.
Трагедијата го потресе целиот регион, а на социјалните мрежи постојано се објавуваат трогателни посвети за загинатите момчиња.
Фото: Фејсбук/Блиц
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.