fbpx

Му се препуштивме на Господ: Потресно сведоштво на Ленче Кукиќ

Докажаната македонска интерпретаторка на народна музика се’ уште ги трпи последиците од болеста

Познатата брачна двојка Ленче и Горан Кукиќ лани цели 15 дена се бореле за здив во скопската болница „Осми септември“ откако биле хоспитализирани поради компликации со Ковид-19.

Докажаните пејачи на своја кожа почувствувале колку овој вирус е непредвидлив и сега се конечно среќни што најлошото поминало, иако признаваат дека се’ уште им трае заздравувањето од смртоносната болест.

„Страшно искуство. Преживеавме моменти опишани во песните, ни на јаве, ни на сон.. Буквално, како да бевме во два света. Во тие моменти, всушност немавме време да размислуваме дали ова е крајот, едноставно се препуштивме на Господ“, раскажа Ленче за „Фокус“ минатата година.

Таа и нејзиниот сопруг Горан се поранешни победници во популарното регионално шоу „Никогаш не е доцна“. Веќе две децении заедно настапуваат со бендот „Јупитер“.

Во музичкиот свет веќе сигурно чекори и нивниот син Иван, кој последниве години редовно настапува со нашиот легендарен музичар Влатко Стефановски.

Фото: Никад није касно/Промо/Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нереални сцени по катастрофалните поплави во Кина

Снимката со преплашени патници заробени во метро јасно ги покажува последиците од катастрофалните поплави во централна Кина, јавуваат светските агенции. Најмалку 18 луѓе загинаа во покраината Хенан, а досега се евакуирани преку 100.000 жители од пониските делови на градот. На видеата кои се поставуваат на социјалните мрежи може да се […]