Монтажната болница до Инфективната клиника ќе се користи како КОВИД центар, а во иднина како ургентен центар на Инфективната клиника, информира министерот за здравство Венко Филипче.
– Тука ќе се прави тријажа на пациентите, кои потоа ќе се распределуваат, согласно нивната здравствена состојба. Огромна благодарност за досегашната успешна соработка со Embassy of Switzerland in North Macedonia и амбасадорката Сибил Зутер за континуираниот придонес за унапредување на здравствениот систем во нашата држава, особено во време на пандемија, кога сите земји се соочуваат со низа предизвици – напиша Филипче на „Фејсбук“.