fbpx

Ми велеа да не одам на лекар: Потресна исповед на пациентка од Инфективна

Бев болна, имав проблеми и со срцето, но откако ме фати вирусот, многу ми ги оштети белите дробови. Вака ја почнува својата потресна исповед пациентка од Инфективната клиника која за ТВ Клан одлучи отворено да проговори за коронавирусот.

– Две недели бев дома, пиев лекови и се плашев да дојдам затоа што ми велеа дека нема да се грижат за мене. Но, еве сега им се молам на сите да не се плашат. Се грижеа за нас, Алах нека ги чува сите што се грижат за нас. Сега сум многу подобро. Кога ме донесоа во „8 Септември“ бев во кома. Не знаев кај сум. Ама не сакав да дојдам, ми велеа дека нема да се грижат за мене. Ќе испратам апел до сите. Не се плашете. Корона постои. Да, јас бев болна ама се разболев уште повеќе. Луѓето ми велеа не оди на лекар. Нема да те излечи лекар. Алах ќе те излечи. Но, и докторот, затоа ни го испратил Алах – раскажува една од пациентките.

Новинарот Фуркан Салиу вчера доби дозвола за снимање на Инфективна клиника. Интервјуата со пациентите можете да ги погледнете ТУКА!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Беше тивок и благороден: Беким (44) ја загуби битката со коронавирусот

Боки проговори за Лила: Завршни зборови за „Рекет“

Ако живеете во проколната куќа, нема среќа за вас: Ова се знаците!

Следни Објави

Кога таа се качува, тишината се слуша: И Џамбазов се отвори за Илина

Сите дознаа за љубовната врска на Илина Арсова со Игор Џамбазов. Легендарниот актер и шоумен и првата Македонка која го искачи Монт Еверест сѐ уште престојуваат на југот во земјава, во дојранското село Сретеново, а фановите редовно се запознаени со нивните дневни активности за кои отворено зборуваат на социјалните мрежи. […]