fbpx

Моето дете е вонбрачно, не сум се мажела: Сузе проговори за животната драма

Семејна тајна која долго ја чуваше

Една од најдобрите вокалистки кои нашата земја во моментов ги има, единствената Сузана Спасовска, неодамна во шоуто „Живот со стил“ на Елена Стефановска првпат проговори за таткото на нејзината ќерка.

– Никогаш не сум била омажена. Јас брак никогаш не сум ни имала. Теона е дете со човек со кој сум била во врска. Тој замина кога Теона имаше една година и до ден денес ја нема видено – откри докажаната пејачка.

Спасовска низ годините никогаш јавно не ја експонираше Теона која физички многу наликува на неа, а во тоа се уверивме и самите кога се најде во фокусот на медиумите откако се омажи за својот долгогодишен партнер Виктор Велковски.

Во меѓувреме, Спасовска стана и баба.

„Дар Божји за родителите и радост голема! На 30-ти септември, на ден празничен се роди мојата внука Клара. Да е жива, здрава, благословена, среќна, насмеана и распеана. Ти благодарам Боже! – напиша таа на „Фејсбук“ минатата година.

Следни Објави

Диџеј Ицко од „Антена 5“ почина од коронавирус

„Путуј мајсторе, те сакам другарче“. Вака Александар Пејчиновски на „Фесјбук“ се прости од својот колега, диџеј Ицко (48), кој ја загуби битката со Ковид-19. Човекот кој беше препознатлив на клупската сцена и една деценија заштитно лице на популарната радиостаница „Антена 5“ е сопруг и татко на две деца. Можеби ќе […]