Од компликации на Ковид-19 во Софија почина Николче Дамчевски, пребеганиот македонски гинеколог осуден за тешки дела против здравјето на луѓето и за несовесно лекување, информира порталот „Либертас“.
Дамчевски доби казна од две години затвор за измама на пациентка дека била бремена, а лекарската комора му ја одзеде лиценцата на седум години.
Откако македонската полиција не успеа да го спречи да избега, Дамчевски прегледуваше пациенти во медицинска установа во Софија, бидејќи беше дипломец на бугарски медицински факултет. Оттаму му беше прекинат работниот однос откако од македонските медиуми беа информирани за тоа дека против него се води процес и одземена му е лиценцата, пишува „Либертас“.