fbpx

Се огласи Каролина: Злоупотребен е мојот лик

Лажна реклама со која е злоупотребен ликот на македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева кружи на интернет.

Пејачката повеќепати пријавила кај надлежните институции, но, како што вели, и понатаму се појавува од различни профили.

Гочева е уште една од низата пејачки кои се жртва на интернет измама. Претходно и фотографија на Гоца Тржан беше користена за рекламирање на производ за брчки.

Не се само на тапет естрадните уметници. Се’ почесто се злоупотребуваат и докторите.

Лекарската комора на Република Македонија неодамна побара од Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да постапат и да ја спречат злоупотребата на професионалниот интергитет и авторитет на лекарите во функција на лажно рекламирање на непроверени форми на медицински препарати, лекови, додатоци во исхрана, методи или помошни средства за лекување, што се сè поприсутни на интернет порталите и на социјалните мрежи.

Следни Објави

Пред само два месеца доби дете: Во страшна сообраќајка загина ѕвездата од реалните шоуа

Ѕвездата од реалното шоу The Bachelorette, Чарли Њулинг, почина на 36-годишна возраст, пренесува „Мирор“. Со неговиот автомобил излетал во провалија. Пред само два месеца тој стана татко по вторпат. Возилото на Њулинг паднало од карпа во Довер Хајтс во Сиднеј, во саботата вечерта, потврдија локалните медиуми. Њулинг се прослави во […]