fbpx

По трагедијата станав друга жена: Потресно сведоштво на славната Саманта!

Новинар на „Дејли меил“ одлучи со светот да ја сподели средбата со Ким Катрал, актерката која го овековечи ликот на Саманта Џоунс во култната серија „Сексот и градот“. Како тој ја доживеа?

Седи покрај камин во еден лондонски хотел. Има 62 години, убава е со примеси на стариот холиводски гламур. Опуштена во фармерки и блуза. Станува, витка баш како и Саманта Џоунс, ликот којшто ѝ ја обележи кариерата. Таа е кул, скапо облечена, навистина атрактивна во време кога веќе никој не се врти по жена на улица.

Но, јас гледам нешто друго во Ким, во онаа иста жена што случајно ја сретнав пред три години во Њујорк. Постои тага во нејзините очи која не исчезнува дури и кога се смее.

Во мене е цело море тага“, потврдува.

Не сум веќе онаа жена која ја запознавте пред неколку години. Тоа бев јас пред да се случи нешто страшно. Никогаш веќе нема да бидам иста – признава актерката.

„Страшната работа“ за која зборува е смртта на нејзиниот брат, Кристофер, кој ненадејно почина на свои 55 години откако исчезна од својот дом во Канада, кадешто живееше со сопругата и со домашните миленици. На масата ги оставил клучевите, мобилниот телефон и паричникот, а влезната врата останала отворена.

Катрал објаснува како нејзиниот брат си го одзел животот.

Никој не може да ве подготви за такво нешто. Кристофер патеше од депресија, но депресијата е необична работа и понекогаш е невозможно да се открие, поготово ако личноста не сака да се знае. Така и јас не знаев. Ние (неговото семејство) не знаевме. А, кога ќе изгубите некој, кога некој ваш ќе се самоубие, секогаш се прашувате: Да можев, да знаев, да сум.. И тоа ве прогонува. И морате да научите да живеете со тоа бескрајно прашање, бескрајна вина, бескрајна фрустрација секој ден, дека во новата реалност не можете ништо да направите – раскажува таа.

Катрал во 2012 година се прости од татко ѝ кој имаше Алцхајмер. Вели дека за тоа била подготвена.

Ужасно страдаше и смртта го ослободи. Мислев дека сѐ ќе биде во ред, но емоционално воопшто не беше така. Тоа ме уништи и ми донесе години со несоница, наместо да одам да работам во театар, одев по болници. И потоа се случи ова. Да изгубиш татко и брат пред време, двајца луѓе кои ти значат сѐ и да знаеш како никогаш повеќе нема да ги видиш, никогаш повеќе нема да ги чуеш.. Навистина боли! – открива Ким.

Пред оваа трагедија, славната актерка ни остана во сеќавање како насмеана и ведра жена која привлекуваше внимание каде и да се појавеше.

Нејзината улога ја обележи серијата „Сексот и градот“. Во неколку наврати истакнуваше дека во приватниот живот нема ниту една допирна точка со ликот кој го толкуваше.

Кога почна снимањето на „Сексот и Градот“ мислев дека сум стара за да бидам секси. Себеси се доживував како старица. Во 40-те жените не се сметаа за витални и посакувани, а јас мислев дека нема да можам да ја износам таа улога. Мислев дека луѓето нема да веруваат во неа како што не верував и јас. Но, не бев во право. Саманта го скрши мразот за сите жени – вели Катрал.

Ким е родена во близина на Ливерпул и од мала се школувала за актерка. Од Англија се сели во Канада, а потоа во Њујорк. Таму се запишува на Американската академија за драмски уметности, а непосредно по дипломирањето потпишува договор со Ото Премингер за петгодишен ангажман.

Катрал се мажеше три пати. Од 1977 до 1979 беше во брак со Лери Дејвис. Вториот брак ѝ беше со Андре Ласон и траеше од 1982 до 1989 година. Во тој период Ким живееше во Франкфурт и научи течно да зборува германски. Од 1988 до 2004 беше во брак со басистот Марк Левинсон.

Убавата русокоса ја поврзуваа и со канадскиот премиер Пјер Елиот Трудо, кој од неа беше постар 37 години. После толку врски и бракови, Ким денеска е сама.

На прашањето дали и понатаму верува во брак, во една прилика одговори:

„Не чувствувам потреба уште еднаш да се омажам. Свесна сум дека веројатно никогаш нема да имам деца, но задоволна сум со својот живот. Но, никогаш не вели никогаш. И затоа ако уште еднаш застанам пред олтар, се надевам дека тоа ќе биде засекогаш“.

На прашањето дали со полна брзина оди низ животот, Ким од пушка одговори:

„Во љубовта секако! Затоа и се разведував неколку пати. Мојот втор сопруг Андре живееше во Германија, па и јас се преселив таму. Но, штом се венчавме, двајцата почнавме да добиваме се подобри понуди за работа и наскоро веќе воопшто и не се гледавме. Тој остана таму, а јас најчесто работев во Америка. Дури откако се разведовме, сфатив дека сум живеела во илузија. Мислев дека можам да бидам супержена која секогаш ќе биде покрај сопругот, ќе успее да го реши секој проблем и да има успешна кариера. Но, тоа е невозможно. Секогаш ќе се сеќавам на она што ми го кажа мајка ми после разводот: Драга, можев да ти кажам дека во врските на далечина срцето секогаш посилно чука, но за некој друг“.

* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Со минивал и без силикони: Цеца непрепознатлива!

На социјалните мрежи масовно се споделува фотографија од регионалната фолк-ѕвезда Светлана Цеца Ражњатовиќ од почетоците на нејзината кариера. Пејачката е без силикон и во интересен фустан, а сите ја коментираат нејзината коса – фамозниот минивал со кој жените беа опседнати во тој период. Цеца е во друштво на колешката Вера […]