И денес кога ќе ја сретнат на улица знаат да ѝ се обратат со Кока, улогата во култната југословенска серија „Подобар живот“ која дефинитивно ѝ ја одбележа кариерата
Јелица Сретеновиќ отсекогаш знаела дека ќе биде актерка, што дури го запоставила средното училиште за подобро да се подготви за приемниот испит на Факултетот за драмски уметности.
Толку била сигурна во својата животна определба што никогаш не размислував за друга опција. Додека нејзините врсници оделе во трета година средно, таа станала студент.
– Во животот отсекогаш ми се брзаше. Имав само 19 години кога стапив во брак – призна актерката која се омажила за Милош Сретеновиќ, школски другар на нејзината тетка.
Првата средба им била кога тој имал 16, а таа само 5 години.
– Мишо беше сериозен човек, работеше во Градскиот совет и преферираше ресторани. Мене во тоа време, логично, повеќе ме интересираа дискотеките и тој беше приморен да ми прави друштво. Додека јас играв на подиумот, тој се крстеше. Практично ме гледаше како растам – раскажа Сретеновиќ за нејзиниот, сега веќе покоен сопруг.
Била трета година на факултет кога останала бремена, но не престанала да оди на предавањата сѐ до една недела пред породувањето.
– Ана се роди во април, а во мај требаше да полагам. Нормално дека отидов и добив деветка. Човек може сѐ, само треба нештата да ги посакува – откри Јелица која има уште една ќерка, помалата Оља.
Токму двете ќерки, а подоцна и внуците ѝ дале сила да продолжи да му се радува на животот по смртта на сопругот која навистина тешко ја поднела.
Јелица денес има 70 години и достоинствено старее.