Тајните простории на стадионот Партизан каде Веља Невоља имал цел бункер биле непознати за органите на редот се’ до полициската рација на 4-ти февруари кога беа уапсени 15 лица.
Десна рака на Веља Невоља: Кој е човекот кој сечел луѓе и ги топел во киселина?
Полицијата на озогласеното место пронајде снајпер и седум различни цевки, најсовремена оптика и куршуми кои пробиваат блиндирано возило и панцир. Наводно, во прашање е снајперска пушка која е рачно направена.
Покрај оружјето, пронајдена е и извесна количина на наркотици, како и материјални и биолошки докази за сторени криминални дела.
Српските власти се сомневаат дека Невоља, Марко Миљковиќ и останатите членови на криминалната банда просториите на Партизан ги користеле за монструозни измачувања.
Паника на естрадата: Експлицитни видеа со познати личности во телефонот на Веља Невоља
„Курир“ претходно објави и фотографии од викендица во селото Тршиќ кој се наоѓа на шест километри од Лозница, а која наводно била една од базите каде брутално биле малтретирани жртвите.
Вељко Беливук и неговите соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.