fbpx

Време е маските да се фрлат: Џулија Робертс со силна порака

Оскаровката има силна порака за жените

Џулија Робертс е една од ретките холивудски актерки која се обидува достојно да старее. Внатрешната убавина е многу поважна од надворешната, а ѕвездата на легендарниот филм „Убава жена“ конечно на вистински начин објасни зошто е тоа така.

„Совршенството е болест на многу нации. Ги криеме лицата со тони шминка. Редовно користиме ботокс и се обидуваме да го поправиме тоа што нема потреба.

Всушност, она со што треба да се занимаваме останува без нашето внимание. Знаете ли што е тоа? Тоа е нашата душа. Нејзе ѝ треба и нега и грижа. Дојде време да се занимаваме со неа.

Бидете искрени! Како може да ве сака некој, ако не се сакате себеси? Ако ја криете својата надворешност, зарем може да се каже дека сте задоволни со себе? Не.

Сакам јасно да се разбере! Не е важно како изгледате однадвор, туку дали сте празни одвнатре. Денес сакам да порачам: Нема веќе да се шминкам. Не сакам да се шминкам, затоа што се уморив од носењето на нечие туѓо лице. Време е маските да се фрлат. Знам дека имам брчки, ама сакам да се гледаат. Тоа сум јас. Вистинската. Сакам да ме прифатат таква каква што сум“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Прерано замина друже: Нова трагедија, почина Ице Атанасовски

Македонскиот саксафонист и мајстор на дувачки инструменти, Ице Атанасовски, почина од последици на Ковид-19. Тажната вест ја потврди и неговиот колега Илија Ампевски. – Жално е колку луѓе нѐ напуштаат прерано. Ице беше еден од моите најдобри пријатели и колеги. Жал ми е многу денес. Верувам, Бог ти подготви место […]