fbpx

(ФОТО) Ова е куќата каде Веља Невоља и неговата банда ги мачеле жртвите

Српските медиуми постојано информираат за нови морничави детали поврзани со жртвите ликвидирани од криминалната банда на Веља Невоља.

„Курир“ сега објави фотографии од викендица во селото Тршиќ кој се наоѓа на шест километри од Лозница, а која наводно била една од базите каде брутално биле измачувани жртвите.

Имотот е во сопственост на Владо Георгијев, поранешен полицаец во интервентаната единица во Белград, кој викендицата ја купил откако добил отказ на работното место.

Истата се наоѓа на самиот крај на патот во шумскиот комплекс Планина каде ретко се движат луѓе. Во околината е откриен и еден руиниран објект со простран паркинг кој личи на некаков полигон.

Паника на естрадата: Експлицитни видеа со познати личности во телефонот на Веља Невоља

Интересен детаљ на викендицата е натписот кој стои на влезната врата – Куќичката на Дедо Мраз.

Вељко Беливук и уште дваесет негови соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Фото: Курир

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ми умре на роденденот: Девојче почина во сон, таткото тврди дека е од корона

Деветгодишно девојче од Тексас почина на татковиот роденден, три дена откако добила позитивен тест на коронавирус. Мекензи Гонгора, како што тврдат нејзините најблиски, немала други здравствени проблеми, освен што била поситна од нејзините врсници. Откако ѝ бил дијагностициран вирусот, повраќала и се жалела на главоболка. Три дена подоцна делувала подобро, […]