Медиумите во Србија секојдневно информираат за нови морничави детали поврзани со жртвите ликвидирани од криминалната банда на Вељко Беливук, а сега во фокусот е Марко Миљковиќ Маре, човекот кој наводно бил десна рака на извиканиот Веља Невоља.
(ФОТО) Ова е куќата каде Веља Невоља и неговата банда ги мачеле жртвите
Многумина тврдат дека тој стои зад монструозните дела во кланот, за распарчување трупови, нивно палење и потопување во киселина. Извори блиски на истрагата откриваат дека без трошка хуманост озогласениот Маре им ги вадел очите и им ги сечел главите, а Невоља ги одобрувал овие злосторства и свесно учествувал во нив.
„Србија данас“ пишува дека за разлика од Веља, Маре пораснал во релативно стабилно семејство со родители вработени на добри позиции во администрацијата.
Паника на естрадата: Експлицитни видеа со познати личности во телефонот на Веља Невоља
Таткото на Миљковиќ е повеќекратен шампион во стрелаштво и се верува дека како пасиониран љубител на оружје, љубовта кон овој спорт му ја пренел и на синот.
Вељко Беливук и уште дваесет негови соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.
Фото: Србија данас/И-сток/Милош Рафаиловиќ/Профимедија
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.