Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ денеска е погребан на Градските гробишта во Нови Сад, само во присуство на најблиските членови од семејството.
Од капелата до гробното место тамбураши ги свиреа неговите песни, а е погребан со нумерата „Оливера“ која ѝ ја посвети на саканата сопруга, информираат српските медиуми.
По погребот, фановите на Балашевиќ оставаат пораки и цвеќиња на неговото вечно почивалиште.
На еден лист е исцртано срце и кратко стои напишано: „Фала Ѓоле“.
Фото: Курир/Зорана Јевтиќ
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.