fbpx

По таткото Оливер почина и синот Никола: Две трагедии за само осум месеци

За само осум месеци семејството Јевтиќ од Поповац кај Ниш доживеа две огромни несреќи.

Во средината на декември минатата година во сообраќајна несреќа на автопатот Ниш-Белград загина Оливер Јевтиќ (48), основачот на семеен бизнис, а вчера од компликации од тешко заболување почина и неговиот син, 28-годишниот Никола.

Несреќниот млад човек го продолжи семејниот бизнис на покојниот татко, но судбината имаше други планови, коментираат мештаните.

Оливер Јевтиќ загина на 16 декември минатата година кога со неговото „ауди“ кое го купи само еден месец пред несреќата излета од патот кај селото Катун, по што возилото се преврте и се запали.

Оливер и неговата сопруга имаат уште две деца.

Пријателите и колегите се’ уште се во неверување дека семејството Јевтиќ ги загуби и Никола и Оливер за помалку од една година, а на социјалните мрежи се споделуваат трогателни пораки.

Следни Објави

Беше југословенска ѕвезда, умре како бездомник: Нејзиниот маж го знаете сите!

Познатата српска актерка Гизела Вуковиќ почина пред шест години во хотел за самци каде и ја помина последната деценија од својот живот. Поранешната сопруга на славниот српски пејач Звонко Богдан беше ѕвезда на југословенската кинематографија, но позади камерите живееше несреќно. Финансиските проблеми сериозно ја доведоа во прашање нејзината егзистенција, а […]