fbpx

Подзаборавена билка која помага и за воспаление на белите дробови

Во народната медицина ова растение сѐ уште се смета за многу корисна билка која лекува многу болести.

Се користи и како лек и како храна, но и како зачин поради ароматичниот вкус и мирис.

Во средниот век била една од главните лековити билки кои се користеле, најчесто за покачена температура и треска. Во тој период многу луѓе ги почувствувале благодетите на ова растение, па дури и го добива името ангелска билка. Оттука, подоцна низ годините настанало името Ангелика. Се верува дека ја открил Свети Архангел Михаил.

Коренот на оваа билка е добар и за варење, а етеричните масла од ова растение се користат за поттикнување на апетитот, но и за опоравување од тешки состојби како анорексијата.

Оваа билка помага и за менструални и за ревматски болки и за болести на црниот дроб. Билката помага и за воспаление на белите дробови. Го спречува и згрутчувањето на крвта, па се препорачува и за лекување тромбоза. Се користи и како средство за смирување и за мирен сон.

Сепак, важно е да се напомене дека конзумирањето на овој лек не е препорачано за време на бременост, но и подоцна во период на доењето на бебето. Не се препорачува да го конзумираат ниту луѓе со дијабет и оние кои веќе пијат лекови за да не им се згрутчува крвта.

Иако многу помага, оваа билка денес е речиси заборавена и надвор од употреба.

Следни Објави

Невидлива сила прерано те оддели од нас: Колегите се простија од Јуле

Згасна уште еден млад живот. Последниот поздрав овојпат е за Јулијана која, според колегите од Адвокатското друштво Бранко Кузмановски и партнери, секогаш оставала силен впечаток и како личност и како адвокат. Нивната емотивна посвета ви ја пренесуваме во целост. Со неизмерна тага денес ја испративме кон вечен мир и спокој […]