fbpx

Невидлива сила прерано те оддели од нас: Колегите се простија од Јуле

Згасна уште еден млад живот. Последниот поздрав овојпат е за Јулијана која, според колегите од Адвокатското друштво Бранко Кузмановски и партнери, секогаш оставала силен впечаток и како личност и како адвокат.

Нивната емотивна посвета ви ја пренесуваме во целост.

Со неизмерна тага денес ја испративме кон вечен мир и спокој нашата драга другарка и колешка Јулијана.

Јуле се грижеше за сите Нас, со цело свое битие и донесе радост и среќа на многумина.

За жал ние повеќе не можеме да ти возраќаме на твојата добрина. Невидлива сила прерано те оддели од најблиските, те оддели од сите нас.

Роди здраво бебе, но ја изгуби битката: Елена е пациентката која почина на 34 години

Ти беше ѕвезда и на земјата. Остави силен впечаток и резултати со секој твој настап, и како личност и како адвокат.

Токму затоа толку силно, болно и молњевито се разнесе жалната вест за твојата прерана смрт.

Кај сите што допре само плач, бол и неверување. Остави длабок белег во многу срца.

Нека сјае на небото твојата ѕвезда Јуле. Греј ги сега душите на твоите блиски и на сите кои ќе им недостасуваш. И сама знаеш ангелу Наш, дека тоа се многу, многу луѓе.

Ќе бидеш во вечен Наш спомен.

Почивај во мир Јуле!

Нека ти е вечна славата!

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Не постои диплома за домаќинките: За писмото на оваа жена зборуваат сите

Уморна секојдневно да дава отчет што прави по цел ден, една жена одлучи да даде свое видување кое набргу стана таканаречено женско свето писмо наменето за сите дами кои се предодредени да им служат на домот и на семејството. Овој текст е задолжителна лектира за сите луѓе на овој свет […]