fbpx

„Зоки Поки“ ќе се прикажува и во Србија: Како настанала книгата?

Македонската детска ТВ-серија „Зоки Поки“ наскоро ќе почне да се прикажува на српскиот национален сервис РТС, информира продукцијата „Кино Око“.

Десетте епизоди ќе бидат емитувани и низ цела Скандинавија, односно на националните телевизии во Шведска, Норвешка, Данска и Финска.

Ова е голем успех за нас, а ние ве потсетуваме како воопшто настанало култното дело на Оливера Николова оригинално објавено во 1963 година од страна на „Детска радост“.

Писателката пред неколку години за „1Е Магазин“ раскажа дека пред да ги напише расказите немала некој особен афинитет кон детската литература бидејќи ѝ се чинело дека не ја познава доволно детската психологија зашто сѐ уште немала свои деца. Во тој период пишувала репортажи и подготвувала емисии за деца во „Радио Скопје“.

– На радиото се емитуваа кратки текстови за кои ми беше тешко да ги барам, да ги препечатувам, па почнав самата да си ги пишувам. Оттука се родија расказите за Зоки Поки – откри Николова.

Уште при првото издавање, книгата добила високи оценки од критиката како големо освежиување во македонската детска литература. Стилот на пишување и начинот на третирањето на темата биле сосема нови.

– Дотогаш во литературата наменета за најмладите преовладувале руралните теми или бајките. Наеднаш сите почнаа да зборуваат за Зоки Поки, урбано дете кое со своите итроштини остана врежан во меморијата на многу генерации – раскажа Николова.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Македонско семејство завиено во црно: Бебе почина по пад од тераса

Трагедија му се случило на семејството Ибушоски од Македонија, кое во несреќен случај во местото Понте Гардена во Италија го загубило своето бебе, дознава 24 Инфо. Четиринаесетмесечниот Ајас Ибушоски загинал откако во петокот околу 19 часот паднал од балконот на вториот кат од зградата во која живееле. Бебето паднало од […]