fbpx

Македонско семејство завиено во црно: Бебе почина по пад од тераса

Трагедија му се случило на семејството Ибушоски од Македонија, кое во несреќен случај во местото Понте Гардена во Италија го загубило своето бебе, дознава 24 Инфо.

Четиринаесетмесечниот Ајас Ибушоски загинал откако во петокот околу 19 часот паднал од балконот на вториот кат од зградата во која живееле.

Бебето паднало од висина од околу десет метри пред влезот во зградата. Карабиниери, пожарникари, лекари и екипа за итни случаи интервенирале на самото место. Ајас веднаш бил качен во хеликоптер со кој бил пренесен во болницата во Болцано. Таму лекарите му пружиле прва помош, но повредите биле премногу сериозни, па детето со хеликоптер било транспортирано во Клиничкиот центар во Верона. Битката со времето била залудна, тамошниот медицински персонал и покрај сите напори не успеал да го спаси животот на Ајас.

Целата приказна прочитајте ја на 24 Инфо.

Следни Објави

Боли оваа вест и ме гуши: Трогателни зборови по смртта на Александар

Реномираниот српски композитор и клавијатурист Александар Бањац почина ненадејно на 45-годишна возраст. Соработуваше со многу регионални ѕвезди, меѓу кои е и кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ кој почина во февруари. Токму нивната заедничка слика направена во декември минатата година во студиото на Бањац привлече големо внимание. „Две легенди на заедничка фотографија пред […]