fbpx

Мамичке, ме боли стомак: Ладнокрвно убиство на шестгодишно дете

Полицијата е во потрага по човекот кој застрела шестгодишно дете додека истото се наоѓало во автомобилот на мајка си, откако таа нагло му пресекла пат на друг возач.

„Мамичке, ме боли стомак, извикал малиот Ејден Леос откако бил погоден со куршум додека се возел на задното седиште од автомобилот кој се движел на обиколницата 55 во близина на Лос Анџелес.

Трагедијата се случила во утринските часови додека мајката го носела својот син на училиште.

Таа во даден момент на друг возач му покажала среден прст на ретровизорот, но додека ја менувала лентата вооружен маж за кој се верува дека седел на сувозачкото седиште од автомобил управуван од жена, пукал во нејзиното возило.

Скопјани се простуваат од Филип Матески: Твојот придонес вечно ќе сјае!

Мајката на Ејден застанала покрај патот и веднаш го земала синот во прегратка. Во меѓувреме дошол полицаец кој се обидел да го реанимира нејзиниот син.

Со возило на Итната помош Ејден е префрлен на детското одделение во болницата во округот Оринџ каде е прогласен за мртов.

Неговата сестра Алексис Кулман им изјави на медиумите дека мајка им е шокирана и дека не може да зборува од траумата.

„Ве молам помогнете ни да ги пронајдеме луѓето кои му го направија ова на брат ми. Имаше само шест години и беше неверојатно сладок. Бепе исклучително љубезно момче“, им изјави таа на медиумите.

Сведокот Рејес Валдивија ѝ раскажал на полицијата дека мајката на Ејден му го пресекла патот на возачот на белата лимузина по што и тој истото го сторил.

Властите се надеваат дека ќе се јави некој кој можеби има информации за убиецот во бегство.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Дебакл на Гарванлиев: Еве на кое место се пласиравме на Евровизија!

Доцна во ноќта по прогласувањето на евровизискиот победник, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ги објави и резултатите од гласањето во полуфиналните вечери. Македонскиот претставник Васил Гарванлиев во вторникот во првото полуфинале се пласирал на претпоследното место со скромни 23 поени (11 од телевоутинг и 12 од жири). Послаб резултат има само […]