fbpx

Скопјани се простуваат од Филип Матески: Твојот придонес вечно ќе сјае!

Почина Филип Матески, еден од пионерите на македонската скејтбординг заедница.

На социјалните мрежи вчера и денес се споделуваат емотивни објави за човекот кој беше основоположник на видеомагазинот С.К.И.Р.О.Л., посветен на документирање на домашната скејт-сцена.

Музичарот Петар Младеновски, фронтменот на „Суперхикс“, напиша дека е во шок и неверување дека неговиот Фиљо не е повеќе меѓу нас.

„Прекрасен човек, другар, комшија, скејтериште и голем панк-хаце фан. Веројатно малку познат факт е дека со негo, Бранко Прља, Кечо и ко. го имав еден од првите бендови пред да се случат Хикси. Си имаше музикална жичка од Веле. Мирен „скејт“ по облаците некаде пријателе. Rest in power!“, напиша популарниот Пеце.

Филип активно возеше скејт уште од раните деведесетти. Беше дел од графити екипа BIOSQUAD и еден од првите членови на сноуборд клубот ПОЛАР.

„Беше другарчина, двигател и градител на урбаната скопска сцена. Твојот придонес вечно ќе сјае“, напишаа неговите пријатели од „Дроп ин Скопје“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Сè повеќе млади кои прележале корона имаат сериозни проблеми: Еве кои се тие!

Во последно време не престануваат полемиките околу пост-ковид компликациите, особено кај помладата популација, а сега д-р Мила Пауниќ од Студентската поликлиника во Белград објасни што точно се случува. „Се’ почесто се јавуваат пост-ковид синдроми кои веројатно ќе ги имаме и во иднина. Засега тоа се оние кои имаа блага клиничка […]